Струшка Нефрологија ќе го одбележи и прослави Светскиот ден на бубрегот – 13 март

- Здравје, Локални
202
ЈЗУ Специјализирана болница за Нефрологија – Струга, заедно со сите Нефролошки Болници и дијализни центри ширум светот, ќе го одбележи и прослави Светскиот ден на бубрегот – 13 март.
По тој повод во струшка Нефрологија ќе се изведат низа активности кои имаат за цел да ја подигнат свеста на населението за бубрежното здравје.
Вчера низ Болницата беа поставени банери и постери, со логото на Светскиот Ден на Бубрегот; денеска, 11.03.2025 година во дворот на Болницата ќе се засадат дрвја, како симбол на засадување живот и здравје. Утре, 12.03.2025 година во текот на вечерните часови целата Болница ќе биде осветлена во сина боја во чест на Светскиот ден на бубрегот.
-На 13.03.2025 година – Светскиот ден на бубрегот, пациентите кои ќе дојдат во нашата Болница ќе добијат мали подароци, за тоа што тие се основата поради која ние работиме и поради кои се стремиме постојано да се усовршуваме и од ден на ден да стануваме се подобри-велат од струшката Нефрологија, и додаваат дека, не само оваа недела и не само поради прославата на Светскиот ден на бубрегот, ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга секој ден го слави здравјето на луѓето, секој ден слави победа над болестите и секој ден се бори да биде подобра од претходниот.
Оваа година Светскиот ден на бубрегот се одбележува под мотото „Дали се вашите бубрези во ред?“
Откријте рано, заштитете го здравјето на вашите бубрези. Превенцијата на бубрежните болести е клучна за одржување на здравјето на бубрезите и спречување на сериозни проблеми во иднина. Некои клучни препораки се:
– здрав начин на исхрана;
– одржување на нормална телесна тежина;
– редовно вежбање и физичка активност;
– контрола на крвниот притисок и шеќерот во крвта;
– одговорна и претпазлива употреба на лекови ( антибиотици, НСАИЛ )
– пиење на доволно вода;
– редовни медицински прегледи ( регулација на крвен притисок, БМИ, албуминуриа, Urinary Albumin- Creatinin Ratio; eGFR )

StrugaOnline

Facebook Коментари