Лев банер Десен банер

СВР Охрид реализира повеќе едукативни кампањи на подрачјето на Охрид

Во периодот од 03 до 11. 03. .2025 година, отсекот за превенција при СВР Охрид реализира повеќе едукативни кампањи на подрачјето на Охрид.

Пред учениците и наставниците од наставничкиот совет при електро-машинскиот училишен центар „Св.Наум Охридски”, беа одржани типизирани едукативни предавања на тема „Безбедно користење интернет и дигитални платформи” при што, низ инерактивна комуникација, покрај за позитивните страни на интернетот, се дискутираше за погрешните намени, за формите  на злоупотреба пред се на децата и младите, за облиците на насилства и агресивно однесување помеѓу младите, појавните форми на овие асоцијални и девијантни појави кои, сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците со посебен акцент на начините за препознавање, избегнување, пријавување на истите како и на законските овластувања на полициските службеници и казнените одредби за сторителите.

Полициски службеници од отсекот за превенција, пред учениците од средното туристичко училиште „Ванчо Питошески” во Охрид,  реализираа проект поврзан со препознавање и сузбивање на облиците на семејно насилство а пред најмладите од детската градинка „Клон”, спроведоа типизирани разговори за „Заштита на децата во сообраќајот”. На учесниците и слушатели на предавањата, им беа поделени и флаери со пригодни тематски совети и насоки.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: