Времето денес променливо облачно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи

- Македонија
105

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)

15 Куманово, 14 Лазарополе, 13 Маврови Анови, 11 Крушево, 10 Крива Паланка, Тетово, Пожаране, 8 Скопје-Петрове, Попова Шапка, 5 Велес, 4 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, 2 Битола, Штип, Виница, 1 Претор, Струмица, Гевгелија, Берово,  Тополчани.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Претпладне процесите ќе бидат поинтензивни во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Попладне облачноста ќе се намали.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари