Денеска во Паркот на поезијата во Струга ќе се оддаде почит и поддршка на жртвите во Кочани

- Локални
858
Од здружението „Аква“ Струга известуваат дека денеска во 11:00 часот, во Паркот на поезијата во Струга, ќе се одржи собир за заедно да се оддаде почит и изрази поддршка за жртвите од трагичниот пожар во Кочани.
-Со најдлабоко сочувство стоиме покрај семејствата на починатите и посакуваме брзо закрепнување на повредените. Да се обединиме во солидарност и поддршка во овие тешки моменти, велат од здружението.

StrugaOnline

Facebook Коментари