Лев банер Десен банер

Билтен за Струга: Лишени од слобода стружани за напад на 28 годишна жена, охриѓанец агресивно се однесувал кон стружанец

На 17.03.2025 во 13.40 часот, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Р.Ш.(35) и Б.Ш.(55), двајцата од Струга, постапувајќи по  претходна пријава дека во семејниот дом во Струга физички нападнале 28 – годишна жена, член на семејството.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.03.2025 во 20 часот, на улицата „Туристичка” во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со агресивно однесување и закани упатени од С.Д. од Охрид кон И.Ц.(42) од Струга.

Против нарушителот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

error: