Вчера, кабинетот на градоначалникот, Рамис Мерко, ги пречека на работна средба претставниците на Дирекција за заштита и спасување, МВР Струга и Пожарна Струга.

На овој состанок се дискутираше и за проектот IPA-CBC помеѓу Македонија и Албанија, каде партнери во овој проект се ДЗС, општина Струга, општина Либражд и Националната агенција за цивилна заштита на Албанија.
Овој проект се однесува на интегрираниот систем за откривање шумски пожари на отворен простор. Овој систем е составен од 4 кули, 2 на страната на Македонија и 2 на страната на Албанија. Кај нас, една кула е кај ТППЕ Струга, додека втората се наоѓа на планината во село Богојци. Работата на овој систем ја контролираат Струга, Дирекцијата за заштита и спасување и општина Либражд во Албанија.
Ваков систем за откривање пожар е единствен систем во Македонија и Албанија, кој открива и предупредува за чад и пожари на оддалеченост од 30 километри. Слични системи има само во Полска, Калифорнија (САД) и Канада, кои работат 24/7 и ги известуваат надлежните лица за појава на пожари преку мобилни телефони.
StrugaOnline
Facebook Коментари