Од денеска официјално стартува нововоспоставената авионска линија од Истанбул до Охрид

- Локални
367
Со пристигнувањето на патници од Истанбул денеска на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ќе биде означен официјалниот старт на нововоспоставената авионска линија од Истанбул до Охрид.
Според најавите, летовите на линијата Истанбул – Охрид, на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ ќе се реализираат четири пати седмично и тоа во понеделник, четврток, петок и недела.
На денешниот настан на охридскиот аеродром заедно со владините претставници турските гости ги пречека и директорката на АППТ, Билјана Стефаноска.
„Турските туристи се едни од најбројните странски посетители во Македонија. Нивната поврзаност со земјата произлегува од историските, културните и етничките врски меѓу Македонија и Турција. Тие се едни од најважните за македонскиот туризам, како од економски, така и од културен аспект. Со зголемена промоција и подобрување на туристичката инфраструктура, Македонија може уште повеќе да го зголеми бројот на турски посетители“, истакнува Стефаноска.
StrugaOnline

Facebook Коментари