Од синоќа на полноќ поевтинија бензините и дизелот

- Македонија
1037

Од синоќа на полноќ,по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика бензините се поевтини  за 1,5 денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари,

Новата цена на Еуросупер БС-95  е 62,5 денари, додека литар Еуросупер БС – 98  се точи за 64,5 денари. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се продава за 48 денари, додека Екстра лесното масло за домаќинство за 36,5 денари за литар.

Со одлуката на Регулаторна поевтинува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 25,206 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати РКЕ ги посочува за 6,85 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,94 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Facebook Коментари