Денеска е Меѓународен ден за подигање на свесноста за лицата со аутизам

- Македонија
111

Светот денеска го одбележува 2 -ри април, Меѓународниот ден за подигање на свесноста за лицата со аутизам.

Околу 1% од светската популација се лица со аутистичен спектар на нарушувања. Се претпоставува дека 7 милиони луѓе во Европска Унија и околу 15 до 20.000 лица во нашата држава имаат аутистичен спектар на нарушувања.

Со резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации од 2007 година, 2-ри април  се одбележува како Меѓународен ден на аутизмот.

Ширум светот се испраќаат пораки за поголема грижа за децата, се повикува на повисока свест од општеството, подобри услови во градинките и училиштата за децата со аутизам.
Аутизмот претставува первазивно развојно нарушување кое се дефинира со постоење на атипичен или оштетен развој кој се манифестира пред третата година од животот со карактеристичен облик на патолошко функционирање во сите три области на социјалните интеракции, во комуникациите и со повторувачко однесување (СЗО).
StrugaOnline

Facebook Коментари