2 април, светски ден на литературата за деца

- Македонија
188

Исклучете ги компјутерите, телефоните, таблетите и земете книга – денеска е светски ден на литературата за деца.

Денот на литературата за деца за првпат бил прославен во 1967, а оттогаш секоја година во светот се одбележува на 2 април за да се промовира љубовта кон читањето кај децата и да се нагласи важноста на книгите.

Датумот го означува роденденот на Ханс Кристијан Андерсен, прочуениот дански автор, познат по делата како „Грдото пајче“, „Малата сирена“, „Девојчето со кибритчиња“ и многу други.

Децата имаат огромно влијание врз светот на издаваштвото, а според анкетите, повеќе од половина од младите читаат само по десет книги годишно. Најдобро продавани книги за деца на сите времиња се „Хобит“, „Пајажината на Климентина“, „Хари Потер“ и „Игра на гладните“.

Но и светот на издаваштвото има еднакво големо влијание врз децата. Читањето од забава може да ги подобри оценките на едно дете.

Литературата за деца вклучува приказни, книги и песни што се наменети за деца и во кои тие можат да уживаат. Модерната литература за деца се класифицира на два начина – по жанр или по возраст. Крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век се познати како „златните години за литературата за деца“, со издавањето на огромен број книги што денес важат за класици.

StrugaOnline

Facebook Коментари