Во Струга се одржа парада за поддршка на децата со аутизам

- Локални
733

По повод 2 -ри април, Меѓународниот ден за подигање на свесноста за лицата со аутизам, ООУ “Браќа Миладиновци”, oрганизираше парада за поддршка на децата со аутизам.

Парадата се реализираше од ООУ ,,Браќа Миладиновци“ до чаршискиот мост а секое дете носеше син балон.

Оваа година парадата беше под мотото „Информирај се, разбери ме, дај поддршка“.

Целта на овој настан беше да се подигне свеста за лицата со аутизам.
Strugaonline

Facebook Коментари