Здружението на пензионери од Струга на консултативна седница во Кичево

- Локални
336

Во Кичево, на 3 април 2025 година, се одржа консултативен состанок со претседателите на здруженијата на пензионери и нивните соработници задолжени за културно-забавниот живот на пензионерите од осмиот регион што ги опфаќа здруженијата на пензионери од Кичево, Струга, Охрид и Дебарца, Гостивар, М. Брод, Вевчани, Лабуништа, Дебар и Центар Жупа.

Согласно со заклучоците на Комисијата за Културно-забавен живот при Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, за оваа година домаќин на одржувањето на 23-та регионална ревија на песни, музика и игри за 2025 година, му е доделено на Здружението од Кичево, која ќе се одржи на 21 мај оваа година, во дoмот на културата „Кочо Рацин“-Кичево.

По тој повод претседателот на ЗП Кичево Душан Ристески, во насока на имплементација на заклучоците од Комисијата за култура и забавен живот организира консултативен состанок на кој се извршија неопходните подготовки и критериуми согласно со препораките на Комисијата при СЗПМ.

Претседателот на кичевското здружение Душан Ристески, го образложи правилникот и содржините кои ќе бидат реализирани на самата манифестација, а беше извршена и ждрепка за редоследот на настап на пејачките групи, така што ЗП Струга ќе настапи како осми  изведувач ни рече претседателот на ЗП Струга Милорад Трпоски, кој беше во придружба со претседателот на Комисијата за култура при ЗП Струга Ристе Турикашески,  исто така заеднички беше договорено и менито за тој ден.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУИНЕШОСКИ

StrugaOnline

Facebook Коментари