ЖРК Стружанка со голема победа на гостински терен во Скопје против ЖРК Шампион
Вчера ЖРК Стружанка во Супер Женската Лига во Плеј Аут фазата играа на гостински терен во Скопје против ЖРК Шампион и успеаја да постигнат голема победа 19:35 (9:19 на полувреме).
Најефикасни кај стружанките беа Маркоска Теодора со 12 голови, Раткушиноска Маја 6, Лушеска Елена 6, Переска Дијана 5, Миновска Ива 4 и Маркоска Маја 2 голови.
Кај гостите најефикасни беа: Ивановска Ивона и Петровска Ангела со 5 голови, Филипова Мила 3, Бојковска Марија и Петровска Миа со 2 голови и Ѓоргиеска Марија и Ристевска Ана по 1 гол.
StrugaOnline

