УХМР со најава за студено време со врнежи од дожд и снег

- Македонија
279
Од УХМР известуваат дека денес попладне и во текот на ноќта, во западните, а утре во источните делови ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 л/м2).
Во сабота ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од север и ќе има врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува засилен северен ветер, температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и во некои од пониските места. Во понеделник наместа ќе има провејување на слаб снег, а утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни.
Потоа следува период на стабилно и постудено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат по нула.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари