Лев банер Десен банер

Денеска свечен пречек на чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушница од светогорскиот манастир Дохијар

Денеска во селото Побожје, Скопско, ќе биде донесен препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица  Скоропослушница од светогорскиот манастир Дохијар.

Свечениот пречек на иконата ќе биде во 16:00 часот, пред манастирот „Рождество на Пресвета Богородица”, над селото Побожје. Потоа ќе биде отслужена Воскресна вечерна богослужба, со која ќе началствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со свештенослужители на Скопската епархија.

StrugaOnline

error: