Започнува проектот „ЕУ вредности низ локалните медиуми“ во Струга и Охрид

- Локални
142

Охрид, 08.04.2025 – Здружението за општествен развој ЦОР ИМПАКТ Охрид, во партнерство со Плеј Радио Струга, го започнува проектот „ЕУ вредности низ локалните медиуми“, во рамки на регионалната иницијатива „Media 4 EU“, поддржана од Европската Унија, а спроведувана од Евротинк во соработка со ALDA и BIRC.

Проектот има за цел да придонесе кон поголема информираност и разбирање на евроинтегративниот процес во Северна Македонија, со фокус на општините Струга и Охрид. Преку вклучување на граѓаните, медиумите и младите, се поттикнува дијалог и критичка свест за значењето на европските вредности и реформските процеси што ги носи приближувањето кон ЕУ.

Клучни активности во рамки на проектот:

  • Анкетно истражување за јавната перцепција и информираност поврзана со ЕУ интеграциите;
  • Работилница за унапредување на медиумското известување за европските политики;
  • Изработка на насоки и препораки за локално медиумско покривање на темите од интерес;
  • Креативна дигитална кампања насочена кон младата популација, преку социјалните медиуми;

Проектот се стреми да поддржи медиумски практики што се засноваат на точни и проверени информации, во време кога дезинформациите се сè почеста појава. Истовремено, се гради капацитет за локално новинарство кое ќе биде поангажирано и подготвено за темите поврзани со ЕУ интеграцијата.

„Со овој проект се обидуваме да отвориме простор за подлабоко разбирање на европските процеси, преку локални перспективи и соработки. Целта ни е да се поттикне јавна дебата и вклученост, особено на младите, во темите кои директно го засегаат нивното секојдневие и иднина,“ велат од ЦОР ИМПАКТ Охрид.

Проектот ќе трае 9 месеци, а сите содржини и активности ќе бидат споделувани преку онлајн платформите на организацијата и медиумскиот партнер.

StrugaOnline

Facebook Коментари