Согласно Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Струга за 2025 година со бр.4877/24 од 16.12.2024 година, обврзани сте да поднесете барање за определување на локација – за користење на јавен простор за поставување на урбана опрема за 2025 година.
Последниот рок за поднесување на документацијаа за користење на јавниот простор за поставување на урбана опрема е 31.05.2025 година.

– Барање (определен образец)
– Потврда за уплатени административни такси
– Потребна документација соглаасно Правилникот за определување на локации за поставување на урбана опрема за 2025 година.
Комплетираната документација за поставување на урбана опрема да се достави до Архивата на Општина Струга.
Барателот со барањето изјавува дека е согласен да бидат користени неговите лични податоци за потребите на Општина Струга за реализаација на постапката, и дека е согласен сите известувања во врска со постапката да му бидат доставени во писмена форма.
StrugaOnline
Facebook Коментари