Лев банер Десен банер

Одлични резултати на основните училишта од Струга на регионалниот натпревар по Природни науки

На 04.04.2025 година се одржа регионален натпревар по Природни науки, ученици од петто одделение ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга ги освоија следниве резултати:
Изабела Маркоска – II награда
Мила Чакареска, Леон Трајкоски, Ангел Мариноски – III награда
Ученичката Изабела Маркоска обезбеди пласман на државен натпревар. Учениците ја освоија наградата под менторство на Ангелина Стојкоска.
Од ООУ „Браќа Миладиновски“ Струга, ученикот Кристијан Панов од V одделение под менторство на Зоран Кукунешоски, постигна одлични резултати и освои прва награда а воедно обезбеди и пласман на државен натпревар.
-Му го честитаме успехот на ученикот и наставникот и им посакуваме успех на државниот натпревар, велат од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга.
На регионалниот натпревар по предметот Природни науки, ученикот Арти Асани од IV-3 одделение се истакна со одлични резултати и обезбеди пласман на државниот натпревар, исто така, и учениците Петрит Домазети, Рина Жаку и Доника Ајро, од истото одделение, покажаа добро знаење и постигнаа задоволителни резултати.

StrugaOnline

error: