Наградата за најдобра споредна улога на четвртото издание на театарскиот фестива “5РЕ” ја добива актерката Марија Новак за претставата „Секс, лаги и љубомора“ од Народен Театар Охрид

- Локални
99
Народен Театар Охрид се враќа со уште една награда, овојпат од фестивалот „5РЕ“ во Велес.
-Со голема радост ја објавуваме добитничката на НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБРА СПОРЕДНА ЖЕНСКА УЛОГА на четвртото издание на Театарскиот фестивал “5РЕ” – актерката МАРИЈА НОВАК, велат од Народен Театар Охрид.
Во урнебесната комедија „СЕКС, ЛАГИ И ЉУБОМОРА” на Народен Театар Охрид, Марија ја обликуваше својата улога со толку природност, харизма и прецизност, што нејзиното присуство на сцената не можеше да остане незабележано.
Со вештина што извира од љубовта кон театарот, таа ѝ подари на публиката моменти полни со емоција и смеа – и уште еднаш потврди дека секоја улога, без разлика на нејзината големина, може да остави траен впечаток.
Наградата за најдобра споредна женска улога ја донесе жирито во состав: Александар Георгиев, Александар Ивановски и Миле Вратеовски.
StrugaOnline

Facebook Коментари