Лев банер Десен банер

Светите маченици Агатопод и Теодул

Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска е 5-ти април, денот кој православните верници го слават во чест на Св. маченици Агатопод и Теодул.

Во времето на императорот Диоклецијан свети Агатопод беше ѓакон, а свети Теодул отец во Солунската црква. Првиов веќе беше во поодмината возраст. Кога започнаа прогоните, овие двајца беа изведени на суд и како и многумина други низ целото царство беа осудени на смрт само поради името христијанин.

Откако поминаа некое време в затвор, Агатопод и Теодул беа изведени и фрлени в море со големи камења околу вратот. Нивните тела, кои подоцна испливаа на морската површина, ги прибраа локалните христијани и чесно ги погребаа.

Свети Агатопод и Теодул пострадаа за Христа во 303 година.

Тропар

Вистина непоколеблива имајќи во срцата ваши, Агатоподе и Теодуле, познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон, а верата во Љубовта го отвора патот до вечноста. Христос Господ, Кој ве приведе кон такво познание, молете Го вие, свети маченици, да ги помилува нашите души.

Извор: mpc.org.mk фото: архива

StrugaOnline

error: