Продолжи вековната традиција за Велигден во Подгорци

- Локални
931

Жителите на струшко Подгорци, се меѓу ретките православни христијани кои ја негуваат неколкувековната традиција да го слават „Велигден“ со одење „С “крсти“ по синорот на селото Подгорци. Во трите Велигденски денови Христовото Воскресение, мештаните, прво одат во црква по света причесва, а потоа на гробиштата да им оддадат почит на покојните предци, на блиските и пријателите. Задолжително ги посетуваат роднините и пријателите во селата за да го прослават Велигден.

Вториот ден Велигден (понеделник) сите подгорчани предводени од селскиот свешетеник, Димче Павлески и повозрасните жители кои од дворот на главната црквата „Свети Никола“ поворката тргнува по синорот од атарот на селото. Порано на секоја крајна точка од синорот свештеникот ги удирал децата „глава со глава“ за да го запаметат синорот со соседните села Вевчани и Лабуништа со кои селото граничи. Велигденската поворка предводена од  свештеникот, продожува со обичаите како што се: носење на икона и црковниот Бајрак со Христоса на неколку места застанува, (кај манастирот „Света Пречиста“, каде се пали свеќа за здравје, потоа пред единствениот манастир во Македонија што го има само во Подгорци „Свети Јован Владимир“. Следува задолжително кршење со црвени јајца и мезе и по некоја голтка ракија. Заедничко традиционално фотографирање. Поворката продолжува околу селото до светото обележје „Света Петка“ во локалитетот „Лекојта- вода“, со починка и закрепнување. Потоа пред да се вратат во црквата се посетува излетничкото место викано „Симано“ задолжително кршење со јајца и мезе, а (порано на ова место се играле селски игри и натпревари: тегнење на јаже, фрлање камен, играње клиса, „солено месо“ и други). Потоа подгорчани се прибираат секој дома за ручек бидејќи тој ден Подгорци го слави Вториот ден Велигден, и доаѓаат гости од другите села и градови.

Во мојот летопис се споменува дека тој ден младите девојки и момчиња се додворувале (се бендисувале) сред село каде што се играле и народни ора. Првите вистински љубовни средби младите од селото и селата ги закажувале за Велигден. Додека постарите останувале на трпезата кај своите домаќини, младите оделе на „рандеву“. На него доведувале и дискретно, но често и јавно „порота“ од тетки, вуњи, стрини за да кажат дали го бендисуваат нивниот избраник или да се бара ново чаре. Тие што се бендисале, продолжувале со држење за рака. За Велигден бил најреволуционерниот љубовен потег пред венчавката, за што првиот бакнеж доѓал дури по размената на прстените. Меѓу подгоречките брачни двојки заедничкиот живот го почнувале токлму од „Ориште“ на Велигден.

Оваа традиција во едноумието беше прекината и се одвиваше во ајатите на селската црква „Свети Никола“, но сега постепено масовно се обновува.

Со враќањето кон Црквата, верата и обичаиите, сигурни сме дека Велигден ќе се слави како некогаш. Тогаш сите биле среќни, радосни и полни со желба за поведар живот, велат старите подгорчани.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

StrugaOnline

Facebook Коментари