На 27-ми април во Струга ќе се одбележи Светскиот ден на танцот

- Локални
188

Во пресрет на светскиот ден на танцот традиционално петта година по ред Студиото за танц „БАХ“ Струга на сите стружани и сите тие кој тој ден ќе се во Струга, ќе ги почести со мал концерт наречен „Струга танцува“,  Студиото за танц „БАХ“ Струга во соработка со Центарот за Култура „Браќа Миладиновци“ Струга ве покануваат да танцувате, недела 27-ми април 2025 година со почеток во 14 часот, мал концерт и дружење, во градскиот парк во Струга.

-Минатата година сите вие танцувавте со нас, преубаво беше чуството, тоа го очекуваме и сега, ќе настапат сите наши групи, повелете да го славиме танцот, почувствувајте го ритамот и нашата љубов кон него, сите сте поканети, велат од Студиото за танц „БАХ“ Струга.

Од 13:30 до 14:00 часот ќе ве забавува ДЏ Димитар, ќе има одлична музика, концертот е слободен и отворен за сите граѓани, бидејќи е бесплатен и без карти, оваа година сакаме да му дадеме хуманитарна нота односно со помош на Црвен Крст Струга во паркот ќе биде поставена кутија за донации за помош на еден наш сограѓанин за кој се бара помош, додаваат од Студиото за танц „БАХ“ Струга.

Настанот е во организација на Центар за Култура „Браќа Миладиновци“ Струга и Студио за танц „БАХ“ Струга.

StrugaOnline

Facebook Коментари