Денеска игра Струга ТЛ и е на прагот на ново финале во Купот на Македонија

- Локални, Спорт
153

Денеска македонските фудбалски терени ќе гледаме возбудувања во Купот на Македонија во кој ќе се играат двата реванш дуели од полуфиналето.

Екипата на Струга ТЛ е на прагот на ново финале во Купот на Македонија, по она во 2023 година. Денеска од 16 часот во Струга гостува Шкендија. Стружани имаат предност од 2-1 по првата средбата во Тетово, која сега ќе мора да ја сочуваат ако сакаат финале во најмасовното домашно клупско натпреварување.

Токму таа победа во Тетово од 1-2 дава голема надеж за пласман на стружани во големото финале.

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар, практично го реши прашањето околу финалистот уште во првиот натпревар против Брера, откако во Скопје запиша убедлива победа од 3-0. „Црвено-црните“ сега се со една нога во финалето.

StrugaOnline

Facebook Коментари