Кривична за лице од Лабуништа и Подгорци, незаконски пререгистрирале и присвоиле ловечко друштво од Вевчани

- Локални, Хроника
5814

ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.А.(52) од струшкото село Лабуништа и против А.Џ.(35) од селото Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и „измама”.

Во текот на 2024 година, со намера да пререгистрираат и присвојат ловечко друштво од Вевчани, пријавените започнале да собираат потписи и изготвиле лажни изјави од лица од околните села, набавиле фалсификувана исправа и печат на непостоечко здружение и фалсификувале потписи на негови членови. Истите документи, без да бидат заведени на нотар, ги приложиле во Централен регистар во Тетово каде без да се изврши преглед на доставената документација и спротивно на закон, било издадено решение за промена на статутот, по што го пререгистрирале ловечкото друштво.

После тоа, пријавените започнале да управуваат  и да издаваат  дозволи за лов без печат и потпис.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари