Билтен за Охрид: Бела прашкаста материја пронајдена во возило, кривична за физички напад на фудбалер…

- Локални, Хроника
214
На 23.04.2025 во 18.30 часот, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода А.Д.(33), Д.О.(40) и А.А.(32), сите од Охрид, затоа што при преглед во возило „мерцедес” со струшки регистарски ознаки, во кое се превезувале е пронајдена и  одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Б.(43) од селото Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. По завршување на натпревар од третата фудбалска лига, одигран во Волино, пријавениот физички го нападнал Р.Н.(25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил префрлен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид за укажување помош.

Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

Facebook Коментари