Ракометарите на Вардар вчера славеа во Битола кај шампионот Еурофарм Пелистер

- Македонија, Спорт
114

Ракометарите на Вардар вчера славеа во Битола кај шампионот Еурофарм Пелистер со 35-34 и сега ќе ја имаат пол-позицијата во битката за титулата.

Во драматичен натпревар, кој беше решен во последната секунда со голот на Дмитро Горига, вардарци се израдува на победа што може да биде многу значајна во следните пет кола.

Вардар сега има 12 бодови на првото место, Еурофарм Пелистер е втор со 11 на втората позиција, но и покрај тоа титулата многу веројатно ќе се решава во Скопје на 7/8 јуни во последното коло.

Вардар преку Горига кој упати шут во последната секунда, погоди, и се израдува на триумфот во Битола, што го носи во пол-позиција за титулата.

StrugaOnline

Facebook Коментари