Кадетките на ЖРК Стружанка денеска во Битола ќе играат Ф4 во кадетска женска конкуренција
Откако во саботата на 12 април во баражот за пласман во Фајнал фор, ЖРК Стружанка ја совладаа екипата на ЖРК Делчево со 26:23, денеска во СС „Јован Калаузи“ во Битола ќе се оддигра Фајнал фор во кадетска женска конкуренција.

Првиот натпревар се игра во 11:00 часот помеѓу ЖРК Пелистер 2012 – ЖРК Вардар, додека во 13:00 часот играат нашите стружанки, ЖРК Стружанка – ЖРК Металург.
Во 17:00 часот се игра натпреварот за 3-то место, додека во 19:00 часот е финалето.
Им посакуваме среќа на стружанките со надеж да дојдат до финалето и секако да победат во истото.
StrugaOnline
