
На 24.04.2025 во 22.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Гоце Делчев” во Охрид, патничка автомобил удрил во пешакот Е.С.(59) од Охрид и го напуштил местото. Пешакот е пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно возило „фолксфаген ап” со охридски регистарски ознаки, управуван од С.П.(24) од Охрид. По овластување на јавен обвинител увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додека по целосно документирање на случајот против С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.К.(24) од Битола, со престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. При претрес во неговиот дом во Охрид, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и хашиш.
На 24.04.2025 во 16.55 часот, на регионалниот пат Кичево-Осломеј, на влез во селото Мамудовци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат”со кичевски регистарски ознаки, управувано од В.П.(88) од Кичево и патничко возило „тојота рав 4″ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(66) од селото Туин, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката во возилото „тојота” Р.Б.(67) од с.Туин, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Увид изврши увидна екипа од ОВР Кичево.
Facebook Коментари