РК Алкалоид е во финалето на европскиот куп на ЕХФ

- Македонија, Спорт
110

РК Алкалоид во Норвешка испиша историја и ќе се бори за трофејот во третото по ранг европско клупско натпреварување – Европскиот куп.

Бидејќи првиот дуел во Автокоманда заврши со победа на Алкалоид од 42:37, а Рунар победи во регулариот дел од реваншот со 34:29, патникот во финалето се одлучуваше на пенали.

Во изведувањето на пеналите РК Алкалоид одиграа перфектно додека домаќините промашија три пати, па така натпреварот по изведувањето на пеналите заврши со резултат 35:32.

Одлична партија во тимот на Лазаров имаа Дамјан Митев со девет и Мартин Серафимов со осум погодоци.

StrugaOnline

Facebook Коментари