По финалето на завршниот турнир во Кадетската женска лига, беа доделени и индивидуалните признанија. Две отидоа кај ЖРК Стружанка, додека едно кај шампионот ЖРК Вардар, и трите девојчиња се наши стружанки.
Најкорисен играч на Ф4 турнирот беше стружанката Мила Ристовска од ЖРК Вардар.
За најдобра голманка беше прогласена Марија Дуноска, која имаше одлични партии, особено во полуфиналето против Металург, додека најдобриот стрелец исто така доаѓа од Стружанка, а тоа е Јана Петреска.
Признанијата им ги додели легендарната Индира Кастратовиќ, која е координатор на сите женски репрезентации.
Вардар стана шампион по убедливата победа над Стружанка во финалето со 32-17.
StrugaOnline
Facebook Коментари