Струшките основни училишта ги објавија огласите за упис на првачиња во новата учебна 2025/2026 година.
Во прво одделение можат да се запишат сите деца родени во 2019 година, кои до крајот на годинава ќе наполнат шест години, како и деца родени заклучно со 31. јануари 2020 година по претходно барање на родител/старател и добиено мислење од училишната стручна служба.
Од документи родителите/старателите треба да обезбедат копија од извод од матичната книга на родените и од лична карат од еден родител/старател, медицинска потврда за примени задолжителни вакцини кај детето, како и потврди за извршен стоматолошки и офталмолошки преглед кај детето.
Документите се доставуваат во соодветното училиште, почнувајќи од петок, 2-ри, заклучно со 30-ти мај 2025 година.
StrugaOnline
Facebook Коментари