Денеска во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца се одржа велигденски базар каде атмосферата беше исполнета со песна, дружба и весели лица.

Учениците со задоволство ги подготвија своите штандови и ги продаваа своите изработки, а посетителите беа пријатно изненадени и не се двоумеа да ги купат.
-Голема благодарност до сите вас кои го поддржавте денешниот базар, токму вашето присуство го направи овој настан посебен, Христос воскресе, за многу години, велат од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца.
StrugaOnline
Facebook Коментари