Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Струга, вчера во новиот стадион при СОУ Др „Ибрахим Темо“, го одржаа 46тиот општински натпревар по прва помош.

Ова година Општинските натпревари е со тема „Прва помош во училишна средина“.
Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде: во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа…Во таквите ситуации правилното укажуванье прва помош навистина може да значи живот или смрт, бидејќи без ваквата помош дури и малите повреди може да станат сериозни или фатални.

Затоа, за да се обезбеди сигурноста на вработените и на учениците во училиштата, важно е едукацијата за правилно укажување прва помош да биде задолжителна во секое училиште.

Натпреварот се одржа во две категории за основно и средно образование.
Победници се СОУ „Нико Нестор“ Струга и ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга.
StrugaOnline
Facebook Коментари