Продолжен рокот за конкурсот „Млада Струга“ 2025

- Локални
123
Ако си млад автор на возраст од 18 до 30 години и имаш необјавена поетска збирка – ова е твојата шанса!
Пријави се до 15 мај 2025 и стани дел од реномираната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата.

Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со Јуроп Хаус и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, го распишуваат конкурсот за  поетската награда „Млада Струга“ 2025 за најдобра необјавена поетска збирка  од млад автор-дебитант.

Ве известуваме дека го продолжуваме  рокот на Конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ 2025. Крајниот рок за пријавување е 15мај, 2025 година. НУМ Струшки вечери на поезијата“ во соработка со Јуроп Хаус и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија ги поканува младите автори да се пријава на Конкурсот за поетската награда „Млада Струга “ 2025 . Можат да се пријават сите автори што ги исполнуваат критериумите на Конкурсот:

-Наградата „Mлада Струга“ се доделува за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант.
-Авторот не смее да биде помлад од 18 години, односно постар од 30 години заклучно со денот на крајниот рок на конкурсот и мора да биде државјанин на Република Северна Македонија.
-На конкурсот пријава може да поднесе исклучиво авторот.
-Еден автор може да учествува само со една необјавена поетска збирка.

Останатите услови од Конкурсот  може да ги видите ТУКА (линк до Конкурсот)

Заради продолжувањето на рокот за пријавување, се поместуваат и роковите: наместо 1 јуни, жири комисијата треба да достави до Управниот одбор на СВП единствен предлог за добитник на наградата заклучно со 15 јуни. Наместо на 10 јуни, добитникот на наградата ќе биде објавен на 20 јуни 2025 година.

Поттикнувањето на културната разновидност и создавање на еднакви можности за сите граѓани е една од темелните вредности и на Европската Унија под чие покровителство е и наградата Млада Струга, преку Јуроп Хаус.

StrugaOnline

Facebook Коментари