Вчера во Струга се одржа Green Kayak 2025, собрани 400кг отпад од брегот на Охридското езеро

- Локални
504
Вчера во Струга се одржа Green Kayak 2025, учествуваа 4 клуба: ККК „Дрим“ – Струга, ККК „Стрмец“ – Охрид, Одбојкарски клуб – Струга, Пливачки клуб – Струга. За време од 1 час учесниците собраја 400 кг отпад од брегот на Охридското езеро.
Акцијата се одржа под мотото „Биди Еко-спортист, придонеси природата да расне!“ како дел од финалните активности од проектот „Зелен Кајак“, во организација на Кајак кану клубот „Дрим“ од Струга.
Во склоп на проектот се одржа и еколошка регата, мини обуки за управување на кајак и еколошки работилници.
Проектот има за цел да ја зголеми свеста за борба против загадувањето на природата практикувајќи спортови на вода.
Носител на проектот е организацијата МЛАДИИНФО. Проектот е финансиран од Европската Унија, како дел од програмата ЕРАЗМУС.

StrugaOnline

Facebook Коментари