Прв пораз на пионерите на РШ Динг Струга за бараж во Ф4, реваншот е наредниот викенд

- Локални, Спорт
134

Вчера во пионерската машка лига во ракомет се одигра првиот натпревар од баражот за пласман во Фајнал фор, каде пионерите на РШ ДИНГ Струга загубија од РК Еурофарм Пелистер 2 од Битола со резултат 8:9.

-Во првиот натпревар од најнеизвесниот бараж двомеч за пласман на Ф4, минимален пораз на нашите пионери против екипата на Еурофарм Пелистер 2 со резултат 8:9. Малиот број на голови кажува каква борба се водеше на теренот, ние одиме на реваншот да се надигруваме, не очекува уште еден тежок дуел на кој ќе дадеме се од себе за да се пласираме понатаму, велат од РШ ДИНГ Струга.

StrugaOnline

Facebook Коментари