Лев банер Десен банер

Кривична пријава за фудбалерите на Гостивар за напад на полицајци по мечот со Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(31), од Република Германија, А.Д.(25) од Сенегал, Ш.Т.(25) од Турција и македонскиот државјанин Е.Д.(28) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ спречување на службено лице во вршење на службено дејствие” и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”.

Тие, кривичните дела ги сториле на 19.04.2025 година на фудбалски натпревар кој се играл во Струга при што, со влечење, оттурнување и со физички напад, ги спречувале полициските службеници да преземаат службени дејствија по нарушен јавен ред и мир со тепачка.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: