Вардар и Струга Трим Лум одиграа без голови во првиот меч од 31-вото коло на Првата фудбалска лига на Македонија. Ова беше дуел на двата финалисти во Купот, па очигледно беше дека двата тима ги штедат силите за средбата која е закажана за 21 мај, а ќе го даде победникот во Купот.
Вардар вчера играше во комбиниран состав, со неколку играчи кои поретко добиваат шанса за настап, но и тие одиграа на посакуваното ниво. Црвено-црните со ова реми ја продолжија низата од 15 натпревари без пораз.
Струга Трим Лум со 49 бода е на четвртото место на табелата, а Вардар е петти со 39 бода.
Во следното првенствено коло Вардар ќе игра градско дерби со Работнички, додека Струга ќе биде фаворит на домашен терен против Брера Струмица.
StrugaOnline
Facebook Коментари