Ракометарите на Македонија денес играат против Естонија за пласман на ЕП 2026

- Македонија, Спорт
167

Машката репрезентација на Македонија денеска го игра петтиот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2026, ќе и гостуваат на Естонија во Талин, мечот ќе започне од 18:00 часот во салата „Калев“.

Словенците ја одработија својата задача, славеа кај Литванија со 31-28 и сега момците на Кирил Лазаров мора да слават над Естонија било каква победа и над Литванија најмалку со три гола за да бидат сигурно втори.

Словенија е прва со 10 бода, Литванија втора со шест, додека Македонија има шанса утре да освои уште два и да има четири бодови.

StrugaOnline

Facebook Коментари