
Утре, недела, 11.05.2025 година во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга со почеток во 19:00 часот ќе биде одиграна праизведба на драмската претстава „Белото циганче“ од Видое Подгорец, во драматизација и режија на Ристе Миладин. Улогите ги играат членовите на драмското студио „Миладин“:
Таруно – Максим Тодоровски, Кулон – Даниел Спироски, Хенза – Бранкица Петковска, Насиха – Мила Бајческа, Рапуш – Милан Блажески, Назмије – Марија Блажеска, Шејла – Симеона Крстиновска, Џулзаде – Ана Миладинова, Селва – Сара Настоска, Лејла – Искра Бебек, Харун – Христијан Филев, Селанка – Маја Ристеска, дете од селото – Константин Ѓоргоноски, девојче од селото – Изабела Маркоска.
Цената на влезниците е 150 денари.
StrugaOnline
Facebook Коментари