Cinema food&bar – локалот што ѝ даде нов пулс на Струга (а и Охрид ќе го забележи)

- Локални, Маркетинг
1109

На чекор од езерото, на врвот од градот.

Тамо каде езерото ја бакнува реката, каде поезијата тече низ воздухот, а денот секогаш завршува со боја на залез – се отвори ново урбано катче што не само што ги освои стружани, туку ќе ги натера и охриѓани да преминат мост.

Cinema food&bar, лоциран на истата препознатлива адреса каде што некогаш се создаваа спомени, сега оживеа во ново светло: со свеж концепт, модерен дизајн и стил кој се чувствува уште од прагот.

Ова е место каде урбаното добива топлина, а вкусот добива приказна. Со модерен ентериер, вкусно мени за храна кое допрва ќе се надградува, добро селектирани пијалаци и атмосфера што ги повикува сите сетила и со поглед што воодушевува, Cinema веќе станува препознатливо име не само во Струга, туку и пошироко.

Со гордост стружани тивко, но со стил, додаваат и порачуваат: „We have a dream… и Cinema food&bar.“

StrugaOnline

Facebook Коментари