Ракометната репрезентација на Македонија се пласираше на нов континетален собир откако ја совлада Литванија во квалификациите за Европското првенство 2026 со резултат 26-17. Иако имавме негатива од 0-4 на почетокот на натпреварот, по првите триесет минути македонскиот состав го заврши со предност од 13-11.
Ни беше потребна победа од најмалку два гола разлика за пласман на нов континентален собир, но нашите ракометари со висока победа ја декласираа Литванија. Од групата 1 како првопласирана селекција, Словенија веќе обезбеди пласман на Европското првенство. Од вчера и се придружува и Македонија.
Ракометарите ќе одат на своето деветто Европско првенство, осмо по ред, на кое домаќини ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска.
Ждрепката за групите на ЕП 2026 ќе се одржи на 15 мај во данскиот град Хернинг, а натпреварите во овој град, ќе се игра и во Осло, Кристијанштад и Малме.
StrugaOnline
Facebook Коментари