Лев банер Десен банер

Премиера на анимираниот филм за деца „Бунтовната принцеза“ утре во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга

Анимираниот филм за деца „Бунтовната принцеза“, синхронизиран на македонски јазик, на 13-ти мај, со почеток во 12.00 часот, ќе има своја премиера во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга.
Во оваа модерна приказна инспирирана од класичните бајки, храбрaта принцеза Мина не го слуша својот татко и решава сама да си го избере сопругот – Ронан, паметно и љубопитно момче кое сака книги, сосема поразличен од традиционалните принцови. Но, кога свадбената прослава започнува, доаѓа страшен змеј и ја носи принцезата далеку.
Сега, Ронан мора да тргне на опасно патување за да ја спаси. Неговата авантура го води низ далечни земји, полни со магија и мистерии, додека тој храбро го бара својот пат до неа.
Во меѓувреме, Мина е заробена од злобниот волшебник Кезабор, кој веќе грабнал многу принцези, претворајќи ги во златни статуи. Но, Мина не се плаши! Таа решава да преземе акција, да ја скрши магијата и да се бори за слободата на сите!
Дали Ронан ќе стигне на време? Дали Мина ќе го победи Кезабор? Почнува една возбудлива бајка полна со храброст, пријателство и магија!
Глумци: Борче Нацев, Миа Кантарџиева, Дејан Лилиќ, Никола Ристановски, Тања Кочовска, Предраг Павловски, Димитрије Доксевски, Андреј Лалчевски, Филип Трајковиќ, Александар Микиќ.
Цената на билетот е 200 денари.

StrugaOnline

error: