Во недела во Струга пролетен шаховски турнир „Езерска кралица 2025“

- Локални, Спорт
156

Во недела, 18 мај во хотелот Дрим во Струга започнува 3-то издание на Пролетниот Младинскиот Шаховски Фестивал „Езерска Кралица 2025“.

На турнирот свое учество имаат пријавено преку 70 младинци од земјава и странство. Турнирот е поделен во 4 категорни групи и тоа: Деца на возраст од 08 ,10, 12, 16 години.

Ќе се игра по Швајцарски систем од 6 кола со темпо на игра 10+5. Планирано е момчињата и девојчињата да играат заедно, но наградите за освоени места да се даваат поодделно.

-Со овој турнир практично ги започнуваме Шаховските Фестивали на „Езерска Кралица“ за оваа година. Изненадување е масовноста на играчи од нашите партнерски школи од соседна Албанија, бројката е околу 30 деца кои се пријавени да учествуваат. Јас се гордеам што турнирите на Езерска Кралица станаа препознатливи во регионот и пошироко. Тоа се должи на нашата посветеност и професионалност на турнирите. Турнирите се влезени во Годишната програма на Младинската Шаховска Школа Струга и се помогнати од Општина Струга, како и од други спонзори и љубители на шахот. Сите што сакаат да ги следат игрите во недела се добредојдени вели Ѓоко Котески директор на фестивалот.

StrugaOnline

Facebook Коментари