Васил Јованов осуден на казна затвор од 12 години за смртта на Фросина Кулакова
Денеска во Основниот кривичен суд, возачот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на 29 јануари на булеварот „Партизанска“ е прогласен за виновен и доби затворска казна од 12 години.
Покрај тоа, Јованов доби и забрана за управување на возило од Б категорија во времетраење од пет години.
Откако судијката ја соопшти затворската казна за обвинетиот Васил Јованов, таткото на Фросина лут ја напушти судницата.
StrugaOnline

