Со 34 голови разлика ЖРК Стружанка вчера убедливо ги совладаа на ЖРК Шампион од Скопје
Во рамките на првата супер женска лига, ЖРК Стружанка вчера на домашен терен го одигра последниот натпревар во оваа натпреварувачка сезона против екипата на ЖРК Шампион од Скопје и победија убедливо со 34 голови разлика 49:15 (29:09 на полувреме).

Најефикасни кај стружанките беа Маркоска Теодора со 12 голови, Раткушиноска Маја 9, Опетческа Ангела 6, Маркоска Марија 5, Миновска Ива и Переска Тијана 4, Затуроска Ивана 3, Билкова Бојана и Глигороска Михаела со 2 голови, Блажевска Викторија и Танеска Ивана со 1 гол.
Кај гостите најефикасни беа: Бојковска Марија со 9 голови, Кондосоров Фросина 3, Ристевска Ана 2 и Димеска Викторија со 1 гол.
StrugaOnline

