Заврши пролетниот шаховски фестивал ,,Езерска кралица 2025“ ова се победниците

- Локални, Спорт
95

Во преполна сала на хотелот „Дрим“ во Струга заврши овогодинешниот Пролетен Младински Шаховски Фестивал „Езерска Кралица“ 2025 година.

Учествуваа 90 учесници од клубовите од Македонија, гости од соседна Албанија и една натпреварувачка од Украина. Турнирот помина во една одлична атмосфера, со многу интересни партии и пред се дружење помеѓу децата.

-Како и секогаш така и сега турнирот го организиравме на едно високо ниво како што доликува за турнирите на „Езерска Кралица“, вели Ѓоко Котески – Директор на турнирот.

-Задоволен сум што после завршување на турнирот пристигнаа честитки од родителите и другите шахисти од Македонија за успешно организираниот турнир што ни дава мотивација за понатамошни успешни турнири. Со турнирите на „Езерска Кралица“ поставуваме стандарди на организација на младинските турнири во Македонија, затоа што секој детал е планиран, од декорирање на салата за игра до целокупното сценарио како треба турнирот да почне и да заврши, додава Ѓоко Котески.

Во продолжение резулатите по групи:

Група до 08 години машки:

1.Групчев Павел,

2.Наумчески Даријан,

3.Петровски Борис.

Група до 08 год женски:

1.Чаку Миа (Албанија),

2.Спиркоска Христина,

3.Хаџија Бора (Албанија).

Група до 10 год машки:

1.Гуру Јуан (Албанија),

2.Танчев Јован,

3.Пејчијарески Андреј.

Група до 10 год женски:

1.Шуча Донатеа (Албанија),

2.Велкова Надица,

3.Пазеска Марија (Албанија).

Група до 12 год машки:

1.Маркоски Габриел,

2. Нурка Ајки (Албанија),

3.Цани Ерди (Албанија).

Група до 12 год женски:

1.Велева Илијана,

2.Хоџа Фиона (Албанија),

3.Камбери Белора.

Група до 16 год машки:

1.Гуралуми Матео (Албанија),

2.Пуроски Јован,

3.Симоновски Димитар.

Група до 16 год женски:

1.Доброволска Ракхина Божена (Украина),

2.Ндреко Аилин (Албанија),

3.Котушеска Јована.

StrugaOnline

Facebook Коментари