Учениците од VII одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга во посета на Хидроцентралата „Глобочица“

- Локални
297

Денес, 20.05.2025 година учениците од VII одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга, беа учесници во воннаставни активности по географија, каде заедно со предметниот наставник Лилјана Tодороска, ја посетија Хидроцентралата „Глобочица“.

Тие имаа можност непосредно да се запознаат со процесот на производство на електрична енергија и важноста на одржливото користење на природните ресурси. Оваа посета претставуваше вредно искуство што ја продлабочи нивната љубопитност и интерес за географијата.

StrugaOnline

Facebook Коментари