Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди.
Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, особено утре и во деновите од викендот.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари