ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга беше дел од летната школа на тема „Промовирање на демократски вредности во образованието и педагошки иновации за инклузивни училници“

- Локални
221
Во период од 14-17.05.2025 година, во просториите на хотел „Солферино“, ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга беше дел од летната школа на тема „Промовирање на демократски вредности во образованието и педагошки иновации за инклузивни училници“, во рамки на проектот „Квалитетно обрзование за сите“ кој Советот на Европа го имплементира од 2023 година.
Претставници од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга беа наставничката Викторија Бебекоска и ученичката Лура Цома 8-3 одделение.
25-те пилот училишта, средни и основни кои беа дел од двегодишниот проект имаат идентичност во искуствата околу градењето на демократски систем на управување и иновативност од аспект на вклучување на учениците во носењето одлуки, форми на нивно организирање за остварување на права.
Демократијата мора да биде еден од основните столбови на образовниот систем. Образовниот процес е алатка за стекнување вештини и знаења, но мора да насочува и кон критичко размислување, кон развивање на одговорност, свесност за човековите права и обврски, кон конструктивност и почитување, велат од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга.

StrugaOnline

Facebook Коментари